Карим Бензема по поразот на неговиот тим Ал-Итихад во дербито со Ал-Наср ја напушти Саудиска Арабија.
Францускиот напаѓач беше на мета на сериозни критики поради неговите лоши изданија за клубот, па дел од медиумите пренесоа дека е лут на навивачите поради што ја напуштил земјата во желбата за одмор.
Бензема дури и ги деактивира сите профили на социјалните мрежи, недостапен за јавноста, па веќе се шпекулира и со негово заминување од клубот.
Но, шпанска „Марка“ од сигурни извори тврди дека Французинот има повреда на стапалото и само поради тоа решил да замине од Саудиска Арабија за да добие соодветна медицинска помош во Европа. По санирање на повредата потоа ќе се врати во клубот, без барање за трансфер, како што се шпекулираше.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА