Карим Бензема минатата сезона му ја донесе титулата на Ал Итихад, но договорот што 37-годишниот Французин го има со овој клуб истекува во јуни, а преговорите за продолжување на соработката засега немаат посериозен напредок.
Бензема не крие дека би сакал да одигра уште најмалку една сезона пред да ги закачи копачките на клин, а како една од најсериозните опции се споменува враќање во Реал Мадрид. Карим мина 14 години меѓу „кралевите“, освојувајќи се што може да се освои пред во 2023 да си замине и да потпише за Ал Итихад.
Сега, тој не ја затвора вратата за камбек и завршување на кариерата токму на „Сантијаго Бернабеу“…
„Што носи иднината? Искрено не знам, уште сум под договор со Ал Итихад и фокусиран сум само на тоа, ќе видиме како ќе течат преговорите во наредниот период… Ако Флорентино уште биде во Реал, враќањето во Мадрид секако е опција, бидејќи тој човек не можам да го одбијам. Мадрид се уште е мој град, секој ден се чувствувам како навивач на Реал и ако добијам конкретна понуда, сигурно внимателно ќе ја разгледам. Реал во моментов е тим со огроменн потенцијал, која може да игра уште подобро од она што го покажува во моментов“, прокоментира Карим Бензема.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

