Карим Бензема по шест години се врати во репрезентацијата на Франција. Одличниот напаѓач на Реал Мадрид доби покана од Дидие Дешамп, а за прв пат јавно зборуваше за враќањето во националниот тим.
Бензема истакна дека е многу разочаран што не играше за репрезентавијата на Франција претходните години.
“Постои разочарување кога не играте за националниот тим. Она што најмногу ме разочара е фактот дека не бев дел од националниот тим на Европското и Светското првенство”, изјави Бензема.
По долго верме, Карим призна дека конечно остварил разговор со тренерот Дидие Дешамп, кој не сакаше да му се јави поради скандалот околу уцената на поранешниот соиграч Матје Валбуена.
“Разговаравме и разговаравме само за фудбал. Долго зборувавме и разговорот беше сосема коректен. Тоа беше разговор помеѓу двајца мажи. Најважно за мене е да бидам дел од тимот. Дали сум под стрес? Не. Пресреќен сум што се вратив во националниот тим. На тимот му оди добро и совршено се вклопив. Едвај чекам да играм”, рече Бензема.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА