Бензема: Роналдо, но не Кристијано е најдобар на сите времиња

Францускиот голгетер Карим Бензема кој во блескавата кариера настапуваше заедно со Кристијано Роналдо во Реал Мадрид не го дели мислењето на поранешниот соиграч дека е најдобар на сите времиња.

Кристијано Роналдо за себе изјави дека е „најдобриот и најкомплетниот фудбалер на сите времиња“, но тоа не е размислувањето на Бензема чиј идол е Роналдо, но Бразилецот.

„Секој има право да мисли што сака. Ако тој смета дека е најдобриот фудбалер на сите времиња тогаш нека е така. Зависи… На пример, за мене најдобар е Роналдо од Бразил“, изјави Бензема кој никогаш не го криел воодушевувањето од „Феномено“ па додаде:

„Кристијано е тоа што е. Не сакам јас споредување на играчи. Секој има своја приказна. И тој има своја и тоа е многу добро“

Се вчитува...