Карим Бензема неочекувано ја напушти Саудиска Арабија од лични причини пренесуваат локалните медиуми кои информираат дека францускиот напаѓач не бил на последните тренинзи на Ал Итихад изминативе денови.
Ал Итихад неодамна беше поразен од Ал Наср со 2-5, Французинот не е во посакуваната форма а навивачите целата лутина ја насочуваат кон него. На социјалните мрежи Бензема е нарекуван „Бен Хазима“, што на арапски значи „син на поразот“, па сето тоа воопшто не му се допаднало на францускиот офанзивец кој поради сиот вербален напад кон него го избриша својот Инстаграм профил.
Но, Бензема очигледно не застана само на тоа, па се тврди дека ја напуштил Саудиска Арабија, барајќи трансфер и заминување од оваа земја.
🚨 Karim Benzema has left Jeddah for personal reasons!
He did not train with Al-Ittihad today. 🇫🇷
✍️ @ariyadhiah pic.twitter.com/H4eLJH5XcN
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) December 29, 2023
Карим Бензема летово од Реал Мадрид се пресели во Ал Итихад за огромни 200 милиони евра по сезона. Но, според навивачите на клубот, не ги исполнил очекувањата со само 12 гола на 20 натпревари, а Ал Итихад заостанува 15 бода зад лидерот Ал Хилал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА