Бензема се повреди, вистински шок меѓу навивачите и челниците на Ал Итихад (ВИДЕО)

Вистински шок за Ал Итихад на натпреварот против Ал Вехда во шампионатот на Саудиска Арабија. Уште во првото полувреме на мечот се повреди Карим Бензема и мораше да го напушти теренот.

Бензема со очигледни болки го напушти теренот, што предизвика шок и меѓу челниците на клубот и меѓу навивачите.

Бензема во летниот преоден рок пристигна во Ал Итихад, а доби годишна плата од дури 200 милиони евра.

Неговото доаѓање, наводно, не било на задоволство на тренерот Нуњо Есперито Санто, но секако тој и не се прашува многу. Бензема не му одговара на тренерот од Португалија затоа што му го изместува неговиот стил на игра. Но, секако, челниците на клубот инсистираа на доаѓањето на Бензема и тоа на крај и се случи.

Се вчитува...