Карим Бензема би можел ова лето да го напушти Реал Мадрид и да се пресели во Саудиска Арабија од каде има нереална понуда.
Според „Релево“, Бензема добил понуда не само да игра, туку и да биде промотер на оваа земја за добивање на организација на СП во 2030 година заедно со Египет и со Грција. Покрај тоа, веројатно ќе биде ослободен и од плаќање данок.
Реал Мадрид веќе се сомнева дека Французинот ќе ја прифати оваа понуда. Клубот во последно време е изненаден од однесувањето на капитенот, особено по неговото отсуство од доделувањето на наградата на Купот на Шпанија против Гетафе, како и одбивањето да даде изјава за новинарите по поразот од Манчестер Сити во ЛШ.
Засега не е објавено за кој клуб станува збор, но Бензема би можел да тргне по стапките на Роналдо, иако се погласни се шпекулациите за заминување на Португалецот, особено кога неговиот тим Ал Наср не успеа да ја освои титулата во Саудиска Арабија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

