Реал Мадрид потешко од очекувањата славеше победа над Хетафе на гости со 1-2. Карим Бензема се врати со гол по подолгата пауза поради повреда, а конечно и Кристијано Роналдо погоди во Ла Лига, постигнувајќи го победничкиот погодок во 85.минута од средбата.
Бензема го отвори резултатот во 39.минута, а Хетафе израмни преку Хозе Молина во 56.минута од овој меч. Реал Мадрид долго се мачеше, Роналдо промашуваше и од неверојатни позиции, но на крајот сепак успеа да им донесе триумф на „кралевите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА