Бензема се збогуваше од Реал Мадрид: Тешко ми е да зборувам…

Францускиот интернационалец Карим Бензема по 14 години се раздели од Реал Мадрид, а кариерата ќе ја продолжи во Ал-Итихад од Саудиска Арабија.

Претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез организираше проштална прес-конференција за Бензема на која Французинот крајно емотивно се прости од клубот на кого му даде се.

„Тешко ми е да зборувам со толку многу емоции, но сакам да се заблагодарам на Реал Мадрид и моите соиграчи. Ова беше добар пат во мојот живот. Имав среќа што го исполнив детскиот сон. Никогаш нема да го заборавам Реал Мадрид. Невозможно е, тоа е најдобриот клуб во историјата. Но мислам дека денеска е време да заминам и да почнам нова приказна. Сакав да ја завршам кариерата во Реал Мадрид, но понекогаш животот ви дава и друга шанса. Многу беше тешко да се донесе одлуката, тоа го направив со моето семејство. Навистина боли, не е лесно, навистина сакав да се пензионирам тука. Јас сум тој што сум поради овој клуб. Секогаш ќе ги гледам натпреварите на Реал Мадрид“, изјави Бензема. 

Се вчитува...