Карим Бензема ќе го носи дресот на Ал Хилал до 2027 година, откако францускиот напаѓач се пресели во најголемиот клуб во Азија од Ал Итихад.
За Реал Мадрид настапуваше од 2009 до 2023 година, а оваа сезона во саудиската ПРО лига постигна осум гола на 14 натпревари.
„Среќен сум што сум тука. По првиот тренинг, среќен сум што сум дел од овој тим. Ал Хилал е клуб со богата историја. Освоија многу трофеи. Малку е како азиски Реал Мадрид. Се е одлично – навивачите, играта, тимот и победничкиот менталитет”, изјави Бензема.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

