Неочекувани вести пристигнуваат од Саудиска Арабија каде еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња, Карим Бензема размислува за крај на пребогатата кариера на крајот на сезоната.
Бензема е дел од Ал Итихад каде игра во претпознатлива форма, постигнувајќи десет голови на исто толку натпревари во саудиското првенство, но не се наоѓа во најдобра физичка форма и на 36-години веќе цели на крај на играчката кариера.
Легендарниот Французин кој постави нови граници кога станува збор за позицијата „деветка“ сепак се очекува да остане во фудбалот. Тој би се вратил во Реал Мадрид каде настапуваше од 2009 до 2023 година и би ја вршел функцијата на амбасадор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА