Бензема трагичар – Осасуна со играч помалку до бод на „Сантијаго Бернабеу“

Реал Мадрид и Осасуна одиграа 1-1 во 7. коло од Ла Лига. Гостите останаа со играч помалку на 12. минути пред крајот на мечот, домаќините имаа и пенал за водство, но трагичар за „кралскиот клуб“ е Карим Бензема чиј обид од белата точка заврши во директот.

Винисиус со гол во 42. минута донесе преност од 1-0 за Реал Мадрид, а натпреварот го изедначи Гарсија во 50. минута. Гостите останаа со играч помалку откако во 78. минута Гарсија направи пенал над Бензема, но Французинот не успеа истиот да го реализира. Реал Мадрид се обиде до крајот на мечот да стигне до предност, но на гостите им припадна најдобрата шанса за победа кога Гомез во 90. минута за малку не постигне еврогол.

Тоа е второ реми на „кралевите“ оваа сезона по кое Реал Мадрид останува изедначен со Барселона на врвот на табелата во Ла Лига, додека за Осасуна трета победа во последните пет натпревари ги донесе на место кое води во Европа следната сезона.

Standings provided by SofaScore

Се вчитува...