Бензема за Мурињо: Немавме добар однос, еднаш му реков стави ме во игра ако сакаш да победиме и победивме

Карим Бензема беше „икс факторот“ на Реал Мадрид во неверојатната сезона во која покрај шпанското првенство, „кралскиот клуб“ стигна и до титулата во Лигата на Шампионите. Францускиот голгетер постигна вкупно 42 гола, притоа предводејќи го својот клуб во неверојатни пресврти како оној против ПСЖ.

Бензема сега е „алфа“ во Реал Мадрид, но во интервју за Марка 34-годишникот се потсети на почетоците и проблемите кои ги имал во прилагодувањето на новата средина и Жозе Мурињо.

„Мојата прва сезона, првите шест месеци во Реал беa многу тешки. Не говорев шпански и се веќе комплицирано. Тоа за мене беше друг свет во кој се играше друг фудбал отколку оној во Франција. За среќа не се предадов“, изјави Французинот кој потоа говореше и за односот со Жозе Мурињо

„Имав проблеми со Мурињо. Се најдовме во хотелот пред натпреварот со Мајорка. Разговаравме и ми кажа дека нема да ме стави во составот. Се искаравме па му реков. Утре стави ме во почетниот состав, ќе постигнам гол и ќе победиме. Натпреварот заврши со 1-0, а јас го постигнав голот“.

Се вчитува...