Карим Бензема, гостувајќи во една ТВ-емисија, доби задача да го состави својот идеален фудбалски тим на сите времиња, но притоа во својот избор да не ги вклучува Кристијано Роналдо и Лионел Меси.
Легендарниот Французин на крај го одбра својот состав, но кога истиот се појави на социјалните мрежи, Бензема се најде на жесток удар на фановите на Меси и Роналдо.
Како тоа по обичај секогаш бива, најчесто апсолутно никој не ги чита прецизно текстовите на интернет-медиумите, а веднаш се дрзнува со коментирање, навреди и вулгарности онака по свое. Па, и фановите на Меси и Роналдо упатија жестоки навреди кон Бензема, а притоа без да прочитаат дека задачата на Французинот била да креира состав токму без Меси и Роналдо. Па, Бензема, ни крив ни должен, се најде на мета на бројни лудаци.
А, како што самиот потврди без дилеми во идеалните негови 11 сигурно би имало место за Меси и Роналдо, посебно вториот со кого заедно соработуваа во Реал Мадрид. Но, вака, според правилата на ТВ емисијата тој креираше друг идеален тим со навистина интересни имиња меѓу кои Мануел Нојер од Баерн на голот, па дефанзивците Пепе и Серхио Рамос, левиот бек Марсело, а десно Дани Алвеш од Барселона.
Во средниот ред одбрани се Французи, Макелеле и Погба, а пред нив Зинедин Зидан. Тука е и неверојатниот Бразилец Роналдињо…

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

