Берат Имери ќе биде новиот тренер на Беса

Александар Таневски денеска се раздели со екипата на Беса. Сосема неочекувано после пет кола во ПМФЛ, и пласман во 1/8 финалето на Купот на Македонија, новиот прволигаш се речи да се раздели од тренерот. Тој беше на клупата само осум и пол месеци, откако ја презеде тренерската палка во јануари оваа година.

ЕКИПА дознава дека нов тренер на екипата ќе биде Берат Имери. Имери во минатото ја водеше Воска Спорт, а беше тренер и на младинците на Шкендија.

Имери ќе треба да дебитира на домашен терен против Пелистер во недела во 15 часот. Беса после пет кола има една победа, едно реми и три порази, со гол разлика 4-7.

Се вчитува...