Берат Имери ќе ја предводи Воска во новата сезона во ВМФЛ

Берат Имери е назначен за нов тренер на охридскиот второлигаш Воска. Имери потпиша едногодишен договор со клубот од Охрид и ќе ја води екипата на Воска во единствената Втора фудбалска лига на Македонија следната сезона.

Имери во кариерата досега го водеше само младинскиот тим на Шкендија во сезоната 2021/2022 година. Воска минатата сезона во баражот за пласман во ПМФЛ беше поразена од Тиквеш, што значеше крај на соработката со Раде Цицмиловиќ.

Задоволство ни е да ве информираме дека од денеска и официјално тренерското место во тимот на Ф.Ц Воска Спорт ќе го врши еден од најперспективните тренери во нашата земја, Берат Имери.  Со Имери постигнавме едногодишен договор, со можност да продолжиме на уште една година, со надеж дека со него на врвот ќе ја продолжиме работата таму каде што ја оставивме, односно остварување на сонот, а тоа е првата лига. Откако го избравме тренерското прашање, ве известуваме дека Имери во соработка со нашиот спортски директор, Артан Борова, во наредните денови ќе одлучува за нови засилувања, но и за продолжување на договорите и заминување од нашиот клуб. Нека ни е со среќа“, стои во соопштението на Воска. 

Се вчитува...