Берат Имери си поднесе оставка од Беса

БЕСА повторно остана без тренер, откако Берат Имери веднаш после поразот од Струга ТЛ си поднесе оставка. Ова го објави клубот од Добридол.

Имери издржа на клупата на Беса само неколку кола, откако го наследи Александар Таневски. Во еден миг екипата ја водеше Бурим Садики, кој се очекува повторно да седне на клупата.

Инаку со клупата на Беса се поврзуваа многу познати тренерски имиња, меѓу кои и Гоце Седлоски, Бруно Акраповиќ, но до соработка не дојде.

Се вчитува...