Берат Јакупи балкански вицешампион во карате

Македонскиот каратист Берат Јакупи го освои второто место и сребрениот медал на Балканското првенство кое се одржува во албанскиот главен град Тирана.

Јакупи од пет борби, дојде до четири победи, а онаа најважната во финалето ја загуби од Србинот Ѓорѓе Тесановиќ и така го освои сребрениот медал.

– Постигнувањето на сребрениот медал во ваква силна конкуренција е доказ за неверојатната посветеност на Јакупи на спортот. Но, за Берат ова е само почеток. Тој ќе продолжи со интензивните подготовки во текот на овие месеци и е подготвен да се соочи со следните предизвици каде што има за цел да донесе медали за својата земја. Берат Јакупи покажува дека е еден од најуспешните спортисти на меѓународната карате сцена, соопштија од стручниот штаб на македонскиот каратист.

Се вчитува...