Каратистите повторно се фантастични претставници на македонскиот спорт. Берат Јакупи, еден од нашите најдобри каратисти, обезбеди пласман во финалето и ќе се бори за златен медал во категоријата до 84 килограми на Медитеранските игри во Тарагона. Тој имаше одлични настапи, ги совлада Мерис Муховиќ (БиХ), Микеле Мартина (Италија) и Дејан Цвркота (Србија) и ќе се натпреварува за најсјајното одличје во својата категорија на карате турнирот во Тарагона.
Борба за бронзен медал ќе има Жарко Арсовски во категоријата над 84 килограми. Тој во полуфиналната пресметка загуби од Алжирецот Хосине Даики, но претходно беше подобар од Филипе Реис од Португалија.
Ангела Мојсовска вчера во многу добра борба се претстави во добро светло и загуби од Мохамед Нада, со што го заврши својот настап на МИ Тарагона 2018.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА