Славниот бугарски фудбалер Димитар Бербатов почнува тренерска кариера, пренесуваат медиумите од нашиот источен сосед. Бербатов ќе стане член на стручниот штаб на бугарскиот Етар кој се наоѓа на последната позиција на првенствената табела.
Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Баер Леверкузен на тој начин сака да собере искуство како би можел еден ден и самиот тој да биде на чело на некој клуб. Бербатов неодамна стекна тренерска диплома, а во следниот период треба да полага и за професионална УЕФА лиценца.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА