Томаш Бердих ја прекина соработката со Горан Иванишевиќ по серијата слаби резултати што чешкиот тенисер ги имаше на последните турнири. Тој во меѓувреме падна на 14. место на АТП-листата, а на Ролан Гарос беше елиминиран во второто коло од рускиот тенисер Карен Качанов со максимални 0-3 во сетови.
„Горан и јас повеќе нема да соработуваме. Уживав во заедничкото време и ќе останеме големи пријатели. Му посакувам се најдобро во иднина, а јас ќе се обидам да ги остварам своите цели со тимот што моментно го имам на располагање“ – напиша Бердих на својот твитер-профил.
Иванишевиќ, кој претходно го тренираше Марин Чилиќ, работеше со Бердих од 15 август минатата година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА