Чешкиот тенисер Томаш Бердих ќе ја пропушти целата американска турнеја вклучувајќи го и последниот гранслем во сезоната, УС Опен, што стартува на 27 август во Њујорк.
Бердих кој моментно е на 59.место на АТП листата има проблеми со грбот поради кои не настапи ниту на Вимблдон, прв пат по 14 години.
Пред почетокот на лондонскиот гранслем, Чехот играше на турнирот во Квинс на кој беше елиминиран уште во првото коло и тогаш изјави дека се обидува да најде медицинско решение загрбот за да може да го продолжи настапот.
Но, опоравувањето се одвива поспоро, па некогаш четвртиот тенисер во светот, ќе ги пропушти турнирот во Вашингтон, Мастерс турнирите во Торонто и во Синсинати како и њујоршкиот гранслем.
По оваа пауза и пропуштените турнири, Бердих најверојатно ќе падне на АТП листата под 70.место.
Чешкиот тенисер најголемиот успех на УС Опен го оствари во 2012 година кога стигна до полуфиналето во кое беше поразен од Енди Мареј. На гранслем турнирите пак најголем успех има на Вимблдон каде во 2010 година играше финале против Рафаел Надал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА