Беретини се откажа поради повреда, Циципас ќе игра против Надал

Италијанскиот тенисер Матео Беретини се повлече од Австралија опен поради повреда, па Стефанос Циципас обезбеди четвртфинале без натпревар и борба. Беретини беше принуден да го предаде натпреварот уште пред да започне поради истегнување на стомачните мускули.

Гркот по втор пат во кариерата ќе игра во оваа фаза од натпреварувањето – претходно стигна до полуфиналето во 2019 година. Ривал на шестиот тенисер во светот ќе биде Рафаел Надал.

Гркот и Шпанецот досега се сретнаа седум пати, а Надал славеше на шест натпревари. Во 2019 година, Надал го запре Циципас во полуфиналето на турнирот во Мелбурн.

Се вчитува...