Берге е среќен во Норвешка, Фленсбург не го интересира

Селекторот на Норвешка, Кристијан Берге ја одби понудата од Фленсбург и реши да остане со Елверум и со норвешката репрезентација. Иако беше најавуван како сигурен наследник на Љубомир Врањеш на клупата на германскиот тим за кој настапуваше како играч, Берге сепак, ја одбра Норвешка. Тој истакна дека приоритет му е остварувањето на целите со норвешката репрезентација.

„За време на СП во Франција, реков дека еден ден ќе бидеме на врвот. Не би било во ред после тие зборови да ја напуштам репрезентацијата. Среќен сум во Елверум и сакам да останам овде со своето семејство.Тимот е млад и талентиран. Мислам дека овде правиме добра работа. Многу сум импресиониран од настапите на Јоханесен, Род, Танген и Бергеруд на нивниото прво Светско првенство. Верувам дека овие играчи ќе имаат шанса да донесат уште многу успеси“ – истакна Кристијан Берге за норвешките медиуми.

berge sagoesen

Берге е селектор на Норвешка од 2014 година. По настапот на СП во Франција на кое Норвежаните го освоија сребрениот медал, Берге доби нов продолжен договор и ќе ја предводи норвешката репрезентација до 2020 година. Репресентативците на Норвешка ја поздравија неговата одлука да остане на селекторскаат функција и да ги предводи и во наредните четири години.

„Целата репрезентација е среќна поради оваа одлука. Кристијан и неговиот тим се главниот фактор за успехот што го бележи Норвешка. Сречен сум но, не сум изненаден. Уште по финалето во Франција го прашав Кристијан дали ќе остане со нас и го добив истиот одговор. Јас само ја чував тајната некое време“ – открива новата ѕвезда во норвешкиот тим, Сандер Сагосен.

Се вчитува...