Македонија го заврши својот настап на Светското првенство во Франција во осминафиналето, откако загуби убедливо од Норвешка со 34-24. Нашите ракометари се држеа во првиот дел, но потоа силите и концентрацијата попуштија, па Норвешка на убедлив начин го доби мечот. Голманот Тјорборн Берегеруд смета дека самодовербата одиграла голема улога во осминафиналето.
„Истрчавме на теренот самоуверени, имавме многу поголема самодоверба од Македонците. Иако не беше лесно во првиот дел, потоа целосно го скршивме нивниот отпор. Добивме и совети, одбраната да излезе поцврсто на нивната надворешна линија, а да оставиме крилата. Таму јас се чувствувам најсамоуверен, и излезе одлично. Мислам дека од двете крилни позиции примив само по еден гол“, изјави голманот на Норвешка, Тјорборн Бергеруд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА