Бергвајн: Светот ќе види колку е добро првенството во Саудиска Арабија

Холандскиот репрезентативец Стивен Бергвајн ова лето направи неочекуван потег и се пресели во шампионатот на Саудиска Арабија и покрај тоа што за него постоеше сериозен интерес од повеќе европски гиганти.

На 26-години Бергвајн тргна по парите за што наиде на жестоки критики од јавноста, но и од селекторот на Холандија, Роналд Куман кој го отпиша од репрезентацијата. Со цел да го оправда овој потег тој сега даде интересна изјава која наиде на смеа во фудбалската јавност.

„Светот ќе види колку е добра, колку е конкурентна лигата во Саудиска Арабија“, изјави Бергвајн кој се осврна и кон изјавата на селекторот Куман.

„Коментарите на Куман? Тие можеби мислат дека лигата не е добра, треба да дојдат тука, да видат, па потоа да зборуваат“

Се вчитува...