Бергвајн жестоко му возврати на Куман

Фудбалската јавност во Холандија се разгоре откако селекторот Роналд Куман го отпиша Стивен Бергвајн поради преселбата во Саудиска Арабија.

„Бергвајн отиде во Саудиска Арабија на 26 години. Ако имаш 26 години, најважна амбиција треба да биде спортската, а не финансиската. Можеше да остане во Ајакс, нели? Прилично сум сигурен дека Ајакс ги плаќа играчите добро“, изјави Куман. 

Три дена го чекавме одговорот на Бергвајн, а потоа новиот фудбалер на Ал Итихад беше многу јасен.

„Не сакам никогаш повеќе да играм за Роналд Куман. Нема да играм за некој што ме оцрнува како што тоа го правеше во медиумите“, рече Бергвајн.

Се вчитува...