Досегашниот дефанзивец на Шкупи, Седат Бериша, е нов член на албанскиот прволигаш Влазнија. Тој и официјално беше претставен во својот нов клуб како засилување кое треба да помогне за тимот да обезбеди опстанок во елитното фудбалско друштво на Албанија.
Бериша оваа зима одби да потпише нов договор со Шкупи и одлучи кариерата да ја продолжи во албанското првенство, каде настапуваат се повеќе фудбалери од нашата земја. Тој претходно беше интернационалец во Турција (Бурсаспор) и во Кувајт (Ал Јахра).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА