Етиопјанката Амане Берисо Шанкуле победи на женскиот маратон на Светското првенство во атлетика кое се одржува во Будимпешта, додека македонската маратонка Андријана Поп-Арсова не ја заврши трката.
Барисо, која го има третото најдобро време во маратоните, се издвои на 37-миот километар, и славеше со време 2:24.23 часа. Условите за трчање беа тешки, во спарно време, кое не одговараше на маратонките.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА