Аргентинскиот стратег Едуардо Берицо ќе продолжи со секојдневните работни активности во шпанскиот прволигаш Севилја, иако синоќа им соопшти на фудбалерите дека боледува од канцер на простата. Тој на полувремето од мечот со Ливерпул им ја откри непријатната вест на играчите, а тие се вратија од 0-3 до 3-3, во вториот дел од овој дуел во Лигата на шампионите.
Докторите задолжени за неговото лекување му дозволија на Берицо и понатаму да си ги врши обврските во клубот, а ќе мора да минува и низ одреден процес на терапија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА