Тренерот на Севилја, Едуардо Берицо, утре ќе замине на операција откако беше откриено дека боледува од канцер на простата. Арентинскиот стратег најави дека брзо ќе се врати на кормилото на тимот, но ќе мора да мине низ неопходниот период на рехабилитација.
На клупата на Севилја во наредниот период ќе седи Ернесто Маркучи, првиот асистент на Берицо. Севилја по 13 одиграни кола се наоѓа на петтата позиција на табелата во Ла Лига, со 25 освоени бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА