Берлин со првата трансфер-бомба: Потпиша Питлик, следен е Дика Мем

Управата на Фухсе Берлин најавите за создавање на моќен ракометен гигант ги претвора во дела, најпрвин беше потпишан нов договор со најдобриот ракометар на денешницата, Матијас Гидсел, а денеска официјално беше договорен и мегатрансферот на данскиот бек Симон Питлик.

Одличниот „бомбардер“ кој заедно со Гидсел е најзаслужен за данската доминација на големите натпреварувања досега го носеше дресот на Фленсбург, но постигна договор да се пресели во Берлин од јули 2027 година. Питлик имаше договор со Фленсбург до јуни 2030 година, но беше најден заеднички за три години порано да го напушти овој клуб.

„Едвај чекам да почнам да играм за Берлин од 2027 годиа. Се надевам дека ќе бидам дел од нешто неверојатно, тим со врвни играчи што ќе функционираат беспрекорно заедно“, изјави Питлик по потписот на договорот.

Еден мегатрансфер е договорен, а се чека официјализација на оној вториот – на Дика Мем од Барселона. Каталонските медиуми објавија дека Мем дефинитивно нема да потпише нов договор со Барса, а останува да се види дали Берлин ќе тргне по неговиот потпис за следното лето или ќе го доведе како слободен играч во 2027 во тандем со Питлик.

Се вчитува...