Берлускони има понуда што не се одбива за Ванда Нара, само за Икарди да дојде во Монца

Силвио Берлускони и Адријано Галијани успеаја да ја внесат Монца во Серија А, но поранешните предводници на Милан не планираат да застанат тука.

Желба на овие стари „фудбалски лисци“ е да состават конкурентен тим што би немал проблеми да го осигура опстанокот, за таа цел од Интер беше доведен Стефано Сенси, а сега се прават напори за да биде доведено и првото суперзасилување – Мауро Икарди.

Јавна тајна е дека Аргентинецот е несреќен во ПСЖ, новиот тренер нема да смета на неговите услуги исто како и Покетино, па тој ги разгледува опциите. Челниците на Монца се подготвени да го земат на позајмица, а Берлускони директно ја контактирал неговата сопруга и агентка Ванда Нара.

Таа добила понуда, да има сопствена ТВ-емисија на телевизијата „Медијасет“ што е во сопственост на Силвио Берлускони. Аргентинката никогаш не криеше дека по преселбата во Париз и недостига Италија, а трансферот на нејзиниот сопруг во Монца може да го врати целото семејство на Апенинскиот полуостров.

Икарди повеќе би сакал да игра за тим со кој би атакувал на трофеи, но кога се Берлускони и Галијани во прашање, јасно е дека нивната цел е да Ванда да биде среќна, па таа да го убеди својот сопруг на трансфер во Монца.

Се вчитува...