Легендарниот претседател на Милан, Силвио Берлускони, кој го продаде клубот на новите кинески сопственици, откри дека на „Сан Сиро“ не е се така идеално и дека веќе се чувствуваат големи финансиски тегоби. Тој вели дека новите газди иако вложија 200 милиони евра ова лето, ќе мораат да вложат најмалку уште 100 милиони евра во зимскиот преоден рок, доколку сакаат тимот да биде конкурентен за пласман во Лигата на шампионите.
„Знам дека во клубот веќе има финансиски проблеми, и загрижен сум што господин Ли не се појавува во јавноста за да каже нешто околу тоа прашање. Очигледно е дека овој Милан и не е најдобро обновен, и ќе бидат потребни најмалку уште 100 милиони евра за засилувања оваа зима. Во спротивно, ќе биде тешко Милан да обезбеди пласман во Лигата на шампионите. А ако тоа не се оствари на крајот од тековнава сезона, дури тогаш ќе се случи крах“, предупреди Силвио Берлускони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА