Барселона и сезонава има огромни проблеми со средниот ред, но одлична вест за тренерот Флик е што Марк Бернал не само што ја надмина целосно тешката повреда на коленото, туку младиот плејмејкер полека, но сигурно се наметнува како значајна алка во каталонскиот гигант.
Бернал импресионираше со својот талент во дебитантската сезона во 2024 година, но следеше тешка повреда која речиси 12 месеци го оддалечи од терените. Тој продолжи да работи напорно, а кога доби шанса од Флик максимално ја искористи, па така младиот фудбалер не само што носи стабилност на средината, туку и веќе успеа да постигне неколку важни погодоци за својот тим.
„Сето ова е како сон за мене. Периодот по операцијата беше многу тежок. Не можев да станам од кревет без штаки, никако не успевав да си облечам чорапи… но не престанав да верувам… гледајте ме сега… давам голови за Барселона. Секако дека сум пресреќен поради тоа. Барса е единствениот клуб за мене, имав понуда за позајмица, но веднаш ја одбив, јас сум горд што сум овде и сакам да се борам за што повеќе одиграни натпревари. Чувствувам и огромна благодарност до сите во клубот, фактот дека ми понудија нов договор веднаш по тешката повреда ми беше од огромна помош на психолошки план“, изјави Бернал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

