Бернард Томиќ доби поголема казна, од тоа што го заработи на Вимблдон

Контроверзниот австралиски тенисер, Бернард Томиќ кој беше елиминиран во првото коло на Вимблдон од Жо Вилфред Цонга, по нешто помалку од еден час игра, доби казна од 45.000 фунти поради непочитување на играта, што е еднакво на заработката за учество во првото коло.

„По мислењето на судијата, Бернард Томиќ не ја почитува тениската игра. Поради тоа мора да ја плати максималната казната од 45.000 фунти“ – информираа организаторите на Вимблдон.

 

 

Се вчитува...