Италијанскиот фудбалер Федерико Бернардески повторно е на Апенините. Тој помина три години во МЛС лигата, а сега се врати во Италија. Болоња официјално го потврди доаѓањето на Бернардески, кој потпиша двегодишен договор.
Бернардески пристигнува како слободен агент во Болоња откако го раскина договорот со канадскиот Торонто претходно оваа година. Го избра бројот 10 и ќе биде еден од главните столбови на Болоња во претстојната сезона.
31-годишникот е четвртото засилување на Болоња во летниот преоден рок, по претходните пристигнувања на Чиро Имобиле, Мартин Витик и младиот голман Томас Жилиер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

