Португалскиот репрезентативец Бернардо Силва, офанзивецот на Манчестер сити е сѐ поблизу до трансфер во Барса.
Ваквата вест ја пренесуваат медиумите од Каталонија, повикувајќи се на тоа дека фудбалерот веќе почнал да бара куќа во Барселона, иако трансферот сѐ уште е далеку од реализација.
Последните најави се дека Силва и Барса имаат веќе постигнато договор за личните услови на фудбалерот, кој би требало да потпише четиригодишен договор, но сѐ уште нема договор помеѓу двата клуба. Наводно, Барселона ја подготвува понудата која официјално треба да ја испрати на „Итихад“ и до крајот на неделава се надеваат дека Сити ќе ја прифати и ќе се заврши трансферот.
Според најавите до 80 милиони евра треба да изнесува трансферот на Бернардо на „Камп Ноу“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

