Манчестер Сити ќе се обиде со триумф на гостински терен против Арсенал да се врати во трката за титулата во Премиер-лигата, а Бернардо Силва дополнително ги запали страстите во пресрет на денешното дерби изјавувајќи не гледа на „топчиите“ како на главен ривал за титулата.
Според Португалецот, Ливерпул е тимот на кого сите гледаат како на фаворит, пред се поради фактот дека „црвените“ покажаа дека знаат што треба да се стори за да се стигне до титулата.
„Ливерпул и Арсенал се фаворити на јавноста, но да се потсетиме дека лани сите велеа дека Манчестер Сити е огромен фаворит, па знаеме што се случи. Ливерпул отсекогаш беше наш главен ривал, во трка со нас, во некои ситуации дури и успеа да стигне до титулата. Арсенал станува се поквалитетен, покажува амбиција, но реалноста е дека се уште го нема достигнато нивото да се најде на врвот во најсилната лига во светот“, изјави Бернардо Силва.
Овие зборови на Португалецот сигурно дополнително ќе ги мотивираат „топчиите“ на денешното дерби, па интересно ќе биде да се види дали Силва и соиграчите ќе успеат да освојат најмалку еден бод на „Емирати“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

