Шпанскиот интернационалец Хуан Бернат го напушта Баерн Минхен и до крајот на летниот преоден рок ќе потпише договор со францускиот првак Пари Сен Жермен. Баварскиот клуб ќе добие отштета од 14 милиони евра, а Бернат ќе стави потпис за тригодишна соработка со „светците“. Во финишот на преодниот рок, можно е и Џером Боатенг да замине кон Париз и да стане нов член на ПСЖ, а преговорите се во тек.
Бернат падна во втор план кај новиот тренер на Баерн Минхен, Нико Ковач, и инсистираше да си замине од „Алијанц арена“. Тој ќе биде значајно засилување за Пари Сен Жермен на левата странична позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА