Бернд Лено го засили Фулам

Германскиот голман Бернд Лено е нов фудбалер на повратникот во англиската Премиер-лига, лондонскиот клуб Фулам.

Лено во Фулам доаѓа од редовите на Арсенал. Иако долго време двата тима не можеа да се договорат околу цената за германскиот голман на крај Фулам им исплати на „топчиите“ 9,5 милиони фунти, односно дури 3,5 милиони помалку од тоа што на почетокот го бараше Арсенал.

 

Се вчитува...