Поранешниот прв човек на Формула 1, Берни Еклстон на 89 години стана татко. Со двојно помладата Фабијана Фоси добија син Ејс, кое за Берни е четврто дете.
„Имаме син, го крстивме Ејс. Толку сум горд“ – објави Еклстон.
Берни Еклстон во својот живот досега имал три жени и сега веќе четворица наследници. Иви Бамфорд, Славица Радиќ и сега Фабијана Флоси се негови животни сопатнички, а Дебора (65 години), Тамара (35 години) и Петра (31 година) се негови претходни ќерки. Сега го доби првиот син на свои 89 години. Породувањето на актуелната негова сопруга, 44-годишната Фабијана Флоси, со која е во брак од 2012 година, траело 25 минути.
Еклстон има и пет внуци од неговите три ќерки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА