Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Хосеп Марија Берокал, истакна задоволство од победата над Луксембург на неговото деби на клупата на Македонија. Вечерва во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје, Македонија дојде до третата победа во претквалификациите победувајќи го противникот со 79-70.
Барокал во целина е задоволен од настапот, иако смета дека некои работи треба да се подобрат, особено во нападот.
„Оваа победа е важна за нас и за мене на првиот меч како селектор. Имавме на моменти добри работи, но сметам дека недостасуваше константност. Сакам да им честитам на играчите за овој триумф. Сега следува одмор и после следниот натпревар во понеделник. Задоволен сум од играта во одбраната, и мислам дека во тој дел игравме добро. Добро е што победивме за тимот и за слендиот натпревар. Задоволен сум од повеќе работи во целина. Во одбраната игравме агресивно и во тој дел сум задоволен, додека во нападот треба да ја делиме повеќе топката“, рече Берокал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

