Фудбалската федерација на Австралија го ангажираше Берт Ван Марвијк за нов предводник на „кенгурите“ кој ќе ги води на Светското првенство во Русија. Федерацијата смета дека Ван Марвијк е вистинскиот избор со оглед на неговиот успех пред неколку месеци, откако успеа да ја пласира репрезентацијата на Саудиска Арабија на мундијалот.
Холандскиот стратег добива нова шанса да се истакне на СП, бидејќи не го продолжи договорот со Саудиска Арабија да ги води до завршницата и да ја продолжи бајката од квалификациите. Искуството на Ван Марвијк ќе биде од голема корист на Австралијците, знајеќи дека во 2010 година успеа да ја одведе Холандија до самото финале на СП во Јужна Африка, каде беше поразен од „црвената фурија“ во продолженијата.
Австралија пред извесно време се поврзуваше со стратегот на Зенит, Роберто Манчини, но Италијанецот е презафатен со рускиот гигант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА