Бертанс сепак не останува во НБА, следна дестинација Дубаи

Летонскиот репрезентативец Дејвис Бертанс договорил соработка со Дубаи.  засилување. Како што пренесуваат европските медиуми, Летонецот кажал „да“ и останува само да се завршат техничките работи.

Бертанс во овој преоден рок беше поврзуван со Партизан и со Голден Стејт Вориорс, а на крајот се одлучи за богатиот клуб од Обединетите арапски емирати.

Дубаи меѓу другите ги донесе Немања Дангубиќ, Данило Андушиќ, Леон Радошевиќ, Клемен Препелиќ, а тренер е Јурица Големац. Бертанс во својата кариера настапуваше за Рига, Олимпија Љубљана, Партизан, Басконија, а потоа играше во НБА за Сан Антонио, Вашингтон, Далас, Оклахома и Шарлот.

Се вчитува...