Беса: До кога ќе продолжат судиите да ни го прават ова! (ВИДЕО)

Пелистер со сомнителниот гол на Мирко Ивановски уште од 18. минута, успеа да издвои победа на домашен терен со Беса. Ивановски можеби се послужи и со рака, но на крајот голот беше признат и покрај барањата на гостинските играчи за негово поништување.

По мечот со соопштение излегоа од Беса кои велат дека се гневни на одлуките на судиите против нив. Соопштението ви го пренесуваме во целост.

„Повторно сме должни да го изразиме нашето длабоко незадоволство од нефер односот што ни го прават судиите. И на овој натпревар, како и на минатите, се чувствуваме ограбени и еднострано оштетени. Не бараме надворешна помош, туку само правдата да се оствари и да се почитуваат правата на секој тим. Доколку ваквата ситуација опстојува, нашиот клуб ќе биде принуден да преземе дополнителни мерки, вклучително и можност за повлекување од лигата, поради повторените и намерни прекршоци кои се направени во однос на конкуренцијата и фер-плејот. Ние само бараме еднаков третман и почитување за секоја одлука донесена на теренот“, стои во соопштението на Беса.

Се вчитува...