Дефанзивецот Башким Велија е уште едно во низата засилувања за новиот македонски прволигаш, Беса. Тој во клубот доаѓа од екипата на Шкендија, тим со кој две последователни години одигра педесет натпревари во прволигашкото првенство.
„Фудбалската кариера Башким Велија ја започна во Македонија, играјќи во Ренова и Шкендија, каде покажа незаменлива издржливост и голема посветеност на секој одигран натпревар. Велија успеа да остави траги и во албанското првенство каде беше дел од екипата на Лаци, екипа во која ја стекна почитта од навивачите и останатите играчи во албанската лига“, стои во соопштението на Беса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА