Беса ја совлада Брера во контролата во Струмица

Пријателски натпревар одиграа денеска екипите на Брера и на Беса во Струмица. Гостите беа подобри и триуфмираа со 0-1.

Стрелец на единствениот гол за новиот прволигаш беше ветеранот Арменд Алими, со кој избраниците на Александар Таневски дојдоа до победата во првата контрола за време на летните подготовки.

Се вчитува...