БЕСА објави дека домашните мечеви во ПМФЛ ќе ги игра во Гостивар

Новиот прволигаш БЕСА Добридол домашните натпревари од Првата лига во престојната сезона ќе ги игра на стадионот во Гостивар.

Поради тоа што теренот до Добридол не исполнува услови, раководството се одлучи на ваков потег.

„Сакаме да ве информираме дека челниците на нашиот клуб постигнаа договор со Општина Гостивар, домашните натпревари да ги играме на стадионот во Гостивар“, стои во соопштението на БЕСА.

Тоа значи дека на овој стадион ќе играат два прволигаши како домаќини, односно покрај БЕСА, ќе игра и Гостивар.

Се вчитува...