Хрватскиот стопер Никола Гавриќ, во пролетниот дел од сезоната ќе го носи дресот на Беса. 29-годишниот Гавриќ доаѓа како слободен агент, откако се раздели од екипата на Виторул Јиу од романскиот шампионат.
Овој фудбалер има искуство со играње во ПМФЛ, со оглед дека го носеше дресот на велешки Борец кога овој тим се натпреваруваше во прволигашката конкуренција. Исто така има играно и за Опатија, Јадран, Сесвете, Слобода Ужиџе, потоа има играно и во Малта, кратко во Италија. Потекнува од фудбалската школа на Истра, а беше дел и од младинските селекции на Војводина.
Мина две години во Борец, односно од август 2019 до септември 2021 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА